RK Eurofarm Pelister
‼️💚🤍 Чувствуваме дека ова лето нашите навивачи, симпатизери, приврзаници нестрпливо го чекаат стартот на сезоната 2025/26 и натпреварите на нашите екипи. Затоа многу порано од претходните сезони ви нудиме можност да го обезбедите вашето место во спортската сала „Боро Чурлевски“ за сите домашни натпревари.
РК Еурофарм Пелистер во понеделник (14 јули) ќе ја отвори можноста имателите на сезонски билет од минатата сезона да го резервираат истото свое место и за сезоната 2025/26. Можноста за резервација може да се изврши во канцеријата на Еурофарм Пелистер. Оваа можност ќе биде отворена до петок (18 јули). Резервацијата ќе биде активна до првиот домашен натпревар (6 септември) и до тој рок треба да се изврши уплата. Во спротивно сезонскиот билет ќе биде даден на продажба.
Редовната продажба на сезонските билети ќе започне в понеделник (21 јули) и ќе трае до првиот домашен натпревар (6 септември). Цената на сезонскиот билет е 7.000 денари за централните и 6.000 денари за страничните позиции во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
* сезонскиот билет ги вклучува сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во сите натпреварувања (Лига на шампиони, Суперлига и Куп на Македонија).
Сезонава нема можност за плаќање на рати и затоа претпродажбата и продажбата почнуваат 50 дена пред стартот на сезоната.
Поединечните билети на натпреварите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе бидат пуштени во продажба неколку дена пред натпреварите. Цената на поединечните билети за Лигата на шампиони ќе изнесува 550 денари за централните и 450 денари за страничните позиции во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
* клубот дополнително ќе ги извести имателите на сезонски билети кога ќе биде извршена размената од хартиен во пластифициран сезонски билет.
